Со години, истражувачите знаат дека јаглеродот, кога е уреден на одреден начин, може да биде многу силен, како на пример графенот.
Графенот, најсилниот материјал досега познат за човекот, е изработен од исклучително тенок лист од јаглеродни атоми наредени во две димензии. Но има еден недостаток: многу е тешко да се создадат корисни три димензионални материјали од графен.
Во јануари минатата година, тим на истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс откри дека земањето на мали делчиња на графен и нивно спојување по структурата слична на решетка, не само што ја задржува силата на материјалот, туку графенот останува порозен.
Врз основа на експериментите спроведени на 3Д печатени модели, истражувачите утврдиле дека овој материјал, со својата посебна геометрија, всушност е посилен од графенот - што го прави 10 пати посилен од челикот, со само 5 проценти од неговата густина.
Откривањето на материјал што е исклучително силен, но особено лесен ќе има примена на многу места.
Подолу можете да видите резултати од симулацијата на компресијата и тестовите на 3Д графен.
„Можете или да го користите вистинскиот графен материјал или да ја искористите геометријата што ја откривме со другите материјали, како полимерите или металите“, вели Маркус Бјулер, раководител на Одделот за граѓанско и еколошки инженеринг, и професор на Институтот за технологија.
„Можете да го замените самиот материјал со било што. Геометријата е доминантен фактор и е нешто што има потенцијал да се пренесе на многу работи“.
Фото: Zhao Qin
Големи структурни проекти, како што се мостовите, можат да ја следат геометријата за да се осигураат дека структурата е силна и безбедна. Изградбата би можела да биде полесна, со оглед на тоа што употребениот материјал сега ќе биде значително полесен.
Како што вели Хуајан Гао, професор по инженерство на Универзитетот Браун, истражувањето покажува ветувачка насока за спојување на
јачината на 2Д материјалите и моќта на материјалната архитектура.