X
 27.01.2021 Економија

Дојче Телеком е највредниот европски телекомуникациски бренд

Дојче Телеком ја достигнува највисока вредност на брендот во својата историја. Има рекорден раст во споредба со претходната година

Дојче Телеком повторно е убедливо највреден европски телекомуникациски бренд. Според најновиот извештај на Brand Finance Global 500, Групацијата забележа највисока вредност на брендот во својата историја од 51,1 милијарда американски долари. Ова е рекордно зголемување од 27,9 проценти во однос на минатата година. Од повторното воведување на својот бренд во 2008 година, Дојче Телеком успеа да ја зголеми својата вредност за 475 проценти.

Според извештајот, Дојче Телеком го зазеде третото место меѓу глобалните телекомуникациски компании, после Verizon и AT&T, а пред China Mobile. Исто така го подобри своето рангирање меѓу водечките германски компании во светот заземајќи го второто место зад Mercedes-Benz, а пред Volkswagen и BMW. Притоа, компанијата беше единствената меѓу најдобрите три германски компании која ја зголеми вредноста на својот бренд. Највреден бренд во светот е Apple кој ги престигна Amazon и Google. Телеком се наоѓа на 23-то место на севкупната ранг листа на највредни брендови во светот.

Британската консултантска фирма Brand Finance го припишува ова значително зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком на позитивниот економски развој во Европа и во Соединетите Американски Држави. Освен тоа, Групацијата повторно доби поени за одржливи инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги. Успешното спојување со Sprint во САД и неговото ребрендирање имаше особено позитивно влијание. Тоа му даде на брендот дополнителна динамика која ја искористи за да ја преземе водечката улога во распространувањето на 5G. Институтот исто така очекува Дојче Телеком да развие нови можности за приходи на европските пазари благодарение на брзиот напредок на новата технологија за мобилни комуникации.

Brand Finance Global 500 прави рангирање на највредните брендови во светот според вредноста на брендот во американски долари. Вредноста на брендот се пресметува врз основа на прашањето колкав надомест за лиценца би требало да плати една компанија доколку не го поседува брендот. Покрај вредноста на брендот, на секој од 500-те брендови им се доделува и рејтинг на брендот. Моделиран според кредитниот рејтинг, оваа вредност претставува репер за силните страни, ризиците и потенцијалите на брендот во споредба со неговите конкуренти. Дознајте повеќе за извештајот на Brand Finance Global 500 на www.brandfinance.com.

(Комерцијална објава)


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија