X
 06.05.2018 Култура

„Волксваген“ ги менува логото и имиџот

Германскиот „Волксваген“ во 2019 година ќе го промени логото, а новиот знак на компанијата би требало да биде сосема различен од сите досегашни.

Новото лого би требало да излезе наредната година, а од компанијата велат дека ќе биде посовремено во однос на старото што се користи моментално. Од компанијата додаваат дека новото лого ќе ги раздели буквите „V“ и „W“ што беа стандард на досегашното лого од основањето во 30-те.

vw

Причината за оваа промена веројатно е аферата „Дизелгејт“, најголемата во историјата на „Волксваген“, но и една од најголемите во автоиндустријата. Првиот човек на маркетингот на „Волксваген“, Јохен Сенгпиел изјави дека компанијата ќе го поправи својот имиџ така што ќе биде помалку германска.

- Не сме во добра состојба, доколку направиме споредба со претходните години, а една од причините е тоа што сме премногу германски, а тоа моделите на „Волксваген“ ги направи помалку привлечни - тврди тој.

Во својата мисија да ги приближи потрошувачите, „Волксваген“ ќе биде поактивен на социјалните мрежи и во дигиталната промоција. Токму маркетингот ќе биде пресуден во иднината. Не е позната крајната форма и дизајнот на новото лого.

Иако промените кај големите брендови се нормални, одлуката за промена на оваа позната автомобилска компанија би можела да биде огромен ризик.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура