X
 27.02.2016 Култура

Зошто Цезар кажал "Коцката е фрлена"?

Во 49 година п.н.е. Цезар со својата 11-та легија ја поминал реката Рубикон, со што тој и целата негова легија автоматски биле осудени на смрт по римскиот закон.

Рубикон била река во јужна Италија од која ниту еден војсководец не смеел да поведе војска. Таквиот закон бил наменет за заштита на Рим од воените диктатори кои би можеле да ја наметнат својата власт заземајќи го градот.

Јулиј Цезар донел одлука да ја помине реката со својата 11-та легија и да се упати кон Рим. Со тој чин, Цезар, заедно со легијата, автоматски биле осудени на смрт по римскиот закон.

Наводно, тогаш Цезар ја изјавил познатата реченица: „Коцката е фрлена“ (латински „Alea iacta est“), бидејќи веќе немало враќање.

Интересно е тоа што реченицата не била изговорена за првпат од него, туку тој ја преземал од Менандер, неговиот омилен писател од Грција.

Сепак, Цезар успеал да победи во граѓанската војна и бидејќи Сенатот избегал од Рим, смртната казна не била извршена.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура