X
 15.07.2016 Наука

Најпопуларни инженери во историјата

Низ историјата, постоеле инженери кои достигнале големи успеси преку развивање на нивнoто знаење. Меѓусебно се разликуваат преку интелектуална маестралност и нивото на достигнувањата. Еве ја листата од 8те инженери кои се популарни и почитувани во широки рамки.


8. Фазлур Раман Кан

Фазлур Раман Кан бил роден во Дака, Индија и се смета за создавач на модерните облакодери. Тој бил обичен структурен инженер и архитект кој создал дизајни кои возволуваат полесна изградба на високи згради. Тој користел CAD техники за дизајнирање.

7. Леонардо да Винчи

Тој бил познат во многу професии, од уметноста па се до науката и математиката. Неговата заинтересираност во овие полиња водело кон многу уникатни идеи и проекти. Иако да Винчи не постигнал многу како останатите популарни инженери, неговата мудрост и креативност го прават еден од најпопуларните техничари и артисти.

6. Стив Вознијак

Стив Вознијак заедно со Стив Џобс први ја вовеле компјутеризацијата во 70тите. Преку софтверските и електронските достигнувања на Вознијак, личните компјутери се користат секојдневно низ светот. Тој исто така го развил Епл и е најверојатно техничкиот мозок позади супехот на Џобс.

5. Илон Маск

Иако е познат по SpaceX и Tesla, овој инженер ги надминува границите на многу технички полиња. Многу го сметаат за бизнисмен отколку за инженер, но неговиот иновативен дух го има запишано неговото име во историјата.

4. Хенри Форд

Иако Хенри Форд изгуби во трката со Карл Бенз за креирање на модерен автомобил, сепак неговата линија на делови и производствените техники ја имаат оформено оваа индустрија. Масовното производство беше прво видено во Форд фабриките кои изработуваа автомобили за секојдневниот човек, не само за елитата.

3. Орвил и Вилбур Врајт


Двата помали браќа од семејството Врајт од секогаш имале интерес за летање. Наместо да се фокусираат на силата на леталото, тие верувале повеќе на аеродинамиката. Така ја имаат развиено основната форма на леталото со крилја како и системска контрола од три оски за возење во лет.

2. Исамбард Кингдом Брунел

Брунел бил еден од најголемите иноватори во 19тиот век, познат по зградата на Западната Железница, која сеуште се користи. Неговата револуција кон индустриската инфраструктура во Британија била успешна, па затоа постои универзитет со неговото име.

1. Никола Тесла

Изумите на Тесла помогнале подоцна во модерната технологија, иако заслугата за тие изуми тешко се признава дека е новата. Томас Едисон работел со него, а Едисон е познат по тоа што ги превземал туѓите откритија и земал своја заслуга. Се смета дека тој бил првата личност која работела на модерното радио, Х- зраците и моторот на индукција.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука