X
 16.10.2017 Образование

Непознати лекции по историја од 20 век

20 век беше време на огромни глобални достигнувања, но и време на глобални немири. Овој век сведочеше за подемот и падот на империите, разделувањето на границите и создавањето на народите. Тоа беше време кога светот имаше подобар стандард за живеење отколку сите човечки цивилизации низ сите епохи, но беше на врвот на нуклеарна апокалипса.

Сите го знаете ова, но постојат и други историски лекции за кои воопшто не знаете - од еден обид на човек да создаде подобри човечки суштества преку ДНК до одлуката на еден човек за судбината на целата човечка раса, ова се лекциите по историја за кои не сте знаеле, а оставиле белег врз целиот свет.

1. Клетвата на Тимур

1
Фото: Gerasimov Mikhail Mikhailovich


Тимур се прогласил себеси за голем кан во 1369 година и си задал мисија повторно да ја изгради монголската империја во време на Џингис-хан. По неговата смрт бил погребан со наводно проклетство - кој и да го вознемири, ќе се соочи со натрапник многу полош од себеси. За да се реализира клетвата, требало да поминат три дена.

Во 1941 година, под команда на Јосиф Сталин, советскиот антрополог Михаил Герасимов го ископал гробот со цел повторно да го создаде лицето на Тимур. Три дена по ископувањето, нацистите ја извршиле операцијата „Барбароса“, освојувајќи го Советскиот Сојуз без предупредување. Ова резултирало со една од најсмртоносните битки во човечката историја. Откако Сталин наредил да се врати Тимур, текот на војната се променил во корист на Советите, дозволувајќи им да тргнат кон запад и да ја пренасочат војната во полза на сојузниците.

2. Јужноафриканското нуклеарно разоружување

2
Фото: nuclearweaponarchive.org

Во 1993 година, претседателот Ф.В. де Клерк открил дека нацијата во еден момент во минатото развила мал арсенал на нуклеарно оружје. Ова го потврдило стравувањето на многу други африкански нации. Во 1990 година сите нуклеарни боеви глави во Јужна Африка биле укинати со цел да се создаде меѓународна соработка и доверба.

Ова било првпат во историјата една нација доброволно да го растури своето нуклеарно оружје и е еден од четирите случаи во историјата. Другите нации ги растуриле боевите глави бидејќи не можеле да бидат во чекор со одржувањето по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Одлуката на Јужна Африка била направена со цел да се прошири маслиновата гранка кон глобалната заедница и да покаже посветеност на нацијата кон мирот.

3. Каранфилската револуција

2
Фото: Henrique Matos

Каранфилската револуција бил државен удар што се одржал на 25 април 1974 година под водство на армијата во Португалија, што довело до промени на авторитарната диктатура во либерална демократија. Револуцијата ја предводел генерал Антонио Спинола, а била поддржана од многу португалски воени членови и истакнати цивили, и успеала да го прекине режимот на Естадо Ново. Во текот на следните десет години бил воспоставен устав и бил формиран стабилен двопартиски систем.

Еден од главните предизвикувачи на револуцијата било тоа што голем дел од буџетот на Португалија се трошел за борба против војните во африканските колонии. По повеќегодишни борби, португалската војска претрпела огромна загуба.

4. Руската уставна криза во 1993 година


4
Фото: minspace.ru


Од комунистичката револуција од 1917 година, Русија не се соочила со толку големо политичко насилство како оваа криза. Кризата почнала поради зголемените тензии помеѓу рускиот парламент и претседателот Борис Елцин. Врвот на кризата бил на 21 септември 1993 година, кога претседателот Елцин се обидел да го распушти парламентот и покрај тоа што немал овластување за истото. Како директен одговор, парламентот го отповика претседателот, и на негово место го назначи заменик-претседателот Александар Руцкој.

Ситуацијата ескалирала на 3 октомври кога демонстрантите ја нападнале руската полиција околу парламентот, ги нападнале канцелариите на градоначалниците и се обиделе да ја нападнат руската телевизиска мрежа. Конфликтот завршил на 4 октомври, кога неутрална армија влегла во московската Бела куќа и ги уапсила лидерите на отпорот под наредба на Елцин.

5. Џорџ Валас и Артур Бремер



Џорџ Валас бил 45-тиот гувернер на Алабама и независен претседателски кандидат, а важи за еден од најконтроверзните политичари во историјата на Америка поради неговите екстремни сегрегационистички ставови. За време на неговата трета претседателска кампања, во 1972 година, тој бил застрелан од Артур Бремер на митинг. Во време на обидот за атентат, Валас имал предност поради неговата платформа, меѓутоа, пукањето ја нарушило неговата кампања.

Бремер бил осуден на 35 години затвор, пред да биде пуштен условно во 2007 година. Валас се вратил во Алабама и го отслужил својот преостанат мандат како гувернер и покрај тоа што бил парализиран од половината надолу.

6. Граѓанската војна во Родезија

6
Фото: Ggwallace 1954

Граѓанската војна во Родезија, позната и како Втората Чумуренга или Војна за ослободување на Зимбабве, се одвивала од јули 1964 година до декември 1979 година во непризнаената држава Родезија. Оваа граѓанска војна била конфликт помеѓу три сили: родезиската влада, Националната африканска ослободителна армија на Зимбабве, военото крило на Африканскиот национален сојуз на Зимбабве и Народната револуционерна армија на Зимбабве.

Војната завршила со спогодбата „Ланкастер“, која на африканските домородци им дала контрола врз владата, што резултирало со преименување на Родезија во Зимбабве и доаѓање на претседателот Роберт Мугабе на власт.

7. Б-59 инцидентот со подморница

7
Фото: Guardian


Кубанската ракетна криза или Октомвриската криза е случување поврзано со поставување советски нуклеарни проектили во Куба во 1962 година, односно американската реакција на овој чин во форма на поморска блокада. Овие случувања се сметаат за врв на Студената војна, односно ситуација која за малку ќе довела до трета светска војна со масовна примена на нуклеарното оружје до несогледиви последици, вклучувајќи и можно уништување на севкупната модерна цивилизација и уништување на целото човештво.

Благодарение на високиот офицер Василиј Архипов, кој гласал против одобрување за лансирање нуклеарна боева глава, била избегната нуклеарна војна.

8. Генијални бебиња

3
Фото: iStock


Од 1980 до 1999 година, над 200 бебиња биле родени со помош на сперматозоидите на добитниците на Нобелова награда, поединци со високи IQ и спортисти. Проектот бил основан од магнатот Роберт К. Греам, од Јужна Калифорнија. Неговата цел била да создаде подобра генерација преку употреба на позитивна еугеника. Во тоа време проектот бил контроверзен, но и покрај ова размислување, проектот траел 20 години, при што се родиле многу бебиња.

Иако нема докази дека децата биле над просекот на кој било начин, поради тајноста на проектот, семејствата на овие деца ги опишале како „прекрасни“.

9. Напад на мртвите луѓе

9
Фото: Firstworldwar.com


Во 1915 година беснеела Првата светска војна, со оружје и тактики никогаш претходно видени од двете страни на конфликтот. Според една приказна, за време на германска офанзива на територијата на денешна Полска, германските сили употребиле хемиско оружје врз Русите. Ефектите од смртоносниот гас врз руските војници биле катастрофални.

Кога Русите започнале контраофанзива, напаѓачките германски сили биле згрозени од она што го виделе - војници-зомби. Ова резултирало со повлекување на преплашената германска армија и покрај тоа што била помногубројна од руската армија. Оваа приказна, иако не им е позната на многу луѓе, е симбол на руската воена моќ и често се раскажува и изучува во Русија.

10. Пучот во Вол стрит

1
Фото: iStock


Месеците помеѓу изборите и инаугурацијата на претседателот Френклин Рузвелт биле време на Големата депресија, а планот на претседателот Рузвелт да ги минимизира нејзините ефекти ги налути законодавците и на левицата и на десницата. Настаните довеле до повикување крај на американската демократија и институција на комунистички или фашистички режим.

Поради ова, бил преземен чекор понатаму од група десничарски финансиери. Тие се надевале дека ќе го убедат претседателот Рузвелт да се повлече и да ја напушти воената фашистичка влада. Оваа група успеала да собере милиони во фондови и да складира оружје во подготовка за нова влада. Нејзиниот план бил уништен од поранешниот генерал Смедлеј Дарлингтон Батлер, кој предложил да ја води групата. Наместо да се приклучи кон заговорот, Батлер ги пријавил заговорниците во Конгресот и со тоа му ставил крај на нивниот заговор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование