Мурал со ликот на Горан Стефановски по повод 70 години од неговото раѓање

Мурал со ликот на Горан Стефановски по повод 70 години од неговото раѓање

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало ќе биде претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Претставувањето на муралот ќе биде денеска во 17:30 часот.

Потоа, во 18:00 часот, во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), ќе се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски.