X
 25.03.2022 Живот

Tеатарска претстава во чест на Горан Стефановски

Во чест на славниот македонски драмски автор, универзитетски професор и академик Горан Стефановски, актерската школа на Весна Петрушевска, КМК Продукција, и Македонскиот народен театар ја направија претставата „За нашиот Горан“. Премиерата е утре во МНТ со две изведби во 12 и во 14 часот.
 
- Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значење голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан, силна, огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан - истакна Весна Петрушевска, која ја режираше претставата.

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), потоа во сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Подгорица итн., како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот