X
 07.06.2019 Култура

Милчин и Мјаку вечерва ќе ги примат наградите за животно дело, „Макбет“ го отвора „Војдан Чернодрински“

Со доделување на наградите за животно дело, со концерт на Влатко Стефановски и со првата од осумте претстави во конкуренцијата за наградите „Макбет“ на Македонскиот народен театар, вечерва во Прилеп започнува 54. македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку вечерва ќе ги примат наградите за животно дело.

Осумте претстави на македонските професионални театри во конкуренцијата за најдоброто театарско остварување, богатата придружна програма и новините ќе го одбележат годинашново издание на театарскиот фестивал кој ја прикажува продукцијата од последната сезона на театрите во земјава.
Годинава публиката првпат ќе додели награда за најдобра претстава. Тоа ќе биде мермерна статуетка со ликот на патронот Војдан Чернодрински.



Во конкуренцијата за наградите на фестивалот се и претставите: „Бакхи-краток преглед на распадот“ во режија на Вук Торбица на битолскиот театар, „Физика на тагата“ во режија на Милош Андоновски на кумановскиот театар, „Животинска фарма“ на Љупчо Ѓорѓиевски на струмичкиот, „Смртта на Дантон“ во режија на Дино Мустафиќ на Албански театар, претставата „Пиреј“ во режија на Ѓорѓиевски на прилепскиот театар, „На отворено“ во режија на Андреј Цветановски на „Театар Комедија“ и претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ на Драмскиот театар од Скопје.

Фестивалот ќе понуди придружни театарски претстави, промоција на театарска литература, изложби, трибина на тема „Ова е наше време, време за театар“, што е и мотото на годинашново издание.
Фестивалот ќе биде затворен на 15 јуни, кога во чест на наградените ќе биде изведена „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ, на МНТ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура