X
 27.05.2024 Живот

Панорамско видео ја прикажува сезонската еволуција на ледените брегови на Гренланд

Градот Илулисат се наоѓа на 350 километри северно од Арктичкиот Круг, а неговото име открива какви неверојатни глетки има во оваа област. Имено, зборот „Илулисат“ е гренландски збор за санта мраз, а областа е позната по ледените брегови.

Оваа област во 2004 година беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО, а сега данскиот фотограф Јонас Хохолт му овозможува на остатокот од светот да ги види убавините на оваа област преку хипнотичко тајмплепс-видео кое го прикажува транзитот на ледените брегови под различното арктичко небо.

Ледените брегови што се наоѓаат во оваа област се расцепуваат од глечерот Јакобшавн еден по еден, во период од илјадници години.

- Големината на мразот, неговите ледени брегови и нивното патување всадија длабока фасцинација во мене. Заедно со звуците на пукање, чкрипење и татнеж на сантата мраз, чувството да се биде обична дамка во свет каде што главно владее природата навистина ме обзедоа - пишува фотографот во описот под видеото.

Хохолт го снимил видеото во период од четири месеци додека живеел во Илулисат.

Неговите снимки ги доловуваат годишните времиња кои се менуваат од лето до првите зимски денови.

За Хохлт, овој проект создава сознанија за постојаната еволуција - и на животната средина и на човечкиот дух.

- Менувањето на бреговите ме потсетува на непостојаноста на животот и ме поттикнува да го ценам секој момент - вели тој.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот