Студент по политички науки не се снашол во одговор на прашање за политичките настани во неговата земја. Студентот од Црна Гора го освои регионот со неговиот одговор.
Во видео кое кружи на социјалните мрежи, репортерка го прашува студентот за коментар на актуелните политички теми во земјата, односно составувањето на новата влада. На прашањето дали смета дека одредена личност е вистински избор за мандатар на влада, студентот најискрено одговорил дека не знае ништо за политиката иако студира политички науки.
- Не знам. Јас студирам, буквално, политички науки, a не знам што е собрание. Трета година сум, така што навистина немам врска. Не знам зошто се запишав на ова - одговорил студентот.
Автентичноста на видеото не е потврдена, односно не се знае кој е студентот и дали воопшто студира, но многу корисници на социјалните мрежи веќе се поистоветуваат со него.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)