X
 27.06.2017 Живот

Човекот кој бројките ги гледа како луѓе

Најосамениот број сепак не е 1. Според Дејвид С. Кеслер, најосамената бројка е 7, која има необична невролошка состојба. Дејвид ги гледа броевите како луѓе, па за него броевите од 0 до 10 се специфични карактери кои ги познава целиот живот. Секој има пол, возраст, особини, па дури и фризура.

Кеслер ова го сфатил во четврто одделение, но прво го прикривал. Во 2014 година, неодамна од неговото пензионирање од Националната зоолошка градина, по 39 години, прочитал рецензија за натпреварувач од „Jeopardy“, кој бил како него. Тогаш официјално открил дека ги персонифицира редните броеви.

Тој вели дека неговата состојба не е баш лесна за објаснување на останатите. Вакво сфаќање тој има за броевите 3 – несмасно мало девојче, 5 е бунтовен тинејџер кој се согласува со сите, 10 е возрасна жена која е одличен слушател. За него, тие се како ликови од новела и тие имаат меѓусебна интеракција, преку множење. На пример, 24 се добива кога 4 (само-критично љубезно момче) ќе се помножи со 6 (слободна девојка). Тоа е начин за 6 да покаже дека се интересира за него, вели Кеслер.

Со текот на времето, Кеслер се подобро се запознава со бројките и смета дека оваа појава е доказ дека сите сме уникатни и различни.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот