X
 18.02.2017 Живот

Дали луѓето без деца живеат подолго?

Најголемиот благослов за еден човек, а воедно и најголемата одговорност е да се биде родител. Бебето значи љубов, но и бесмртност на гените кои се пренесуваат.

татко и син


Иако жената го носи детето и двајцата родители плаќаат за бессоните ноќи, грижите и зголемениот обем на работа за да ги задоволат потребите на детето. Но, кога станува збор за влијанието кое го има одгледувањето на децата на долговечноста на родителите, науката не е едногласна. Ако родителството влијае некако на стареењето, тоа е поврзано со телото што се исфрла организмот на мајката, и во овој случај татковците страдаат помалку. Во 2006 е објавена студија за човековата биологија која следела бремености на жени во текот на 116 години и се докажало дека поради потребите на бременоста телото на жената страда и од други болести, што влијае и на скратен животен век.

Друга студија покажала дека жените кои имаат деца подоцна е поверојатно да доживеат 90 години, од оние кои имаат подоцна, а жените што имаат од 2 до 4 деца исто така живееле подоцна од другите (факт што е докажан кај белите жени). Постарите мајки се поедуцирани и побогати што се поврзува со подобро здравје, а ако имаат повеќе бремености дополнително докажува дека станува збор за здрава жена.

Во едно истражување во 2012 година со 21.000 парови кои биле подложени на третман за плодност 9 години, се докажало дека кај една четвртина што останале без деца имало висок ризик на смртност.

Да се биде родител не е лесна работа. И оние кои најмногу од сѐ сакаат деца може да им треба време што ќе го минат подалеку од нив. Сепај, животот е побогат со децата, тие му ја даваат смислата, а таквиот живот секогаш е подолг.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот