X
 27.06.2018 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на месец јуни

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 л/м2 за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 12 до 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд. В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. (МИА)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот