Во Македонија во раните утрински часови се очекува врнежите да престануваат и постепено разведрување со услови за сончеви периоди претпладне. Попладне ќе биде умерено облачно и ветровито.
Ќе дува силен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен севеористочен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 50 км/ч.
Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.
Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Во четврток умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина до 40 км/ч.
Во петок, сабота и недела сончево и топло со пораст на дневните температури. Ветерот ќе слабее.
Во сабота и недела утринските температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.
Weather4all.com.mk