X
 03.04.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не' очекува овој викенд?



Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок во утринските и претпладневните часови Македонија ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, која што ќе услови врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег.

Треба да се напомене дека не се очекуваат некои интензивни врнежи од дожд и снег.Во петок во попладневните часови врнежите ќе престануваат и постепено разведрување.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 35 км/ч.

Утринските температури од -3 до 5 степени, а максималните дневни ќе се движат од 4 до 13 степени.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови умерено облачно со врнежи од дожд, попладне разведрување. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 12 степени.

Во сабота студено утро. Претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста. Утринските температури од -5 до 3 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

Во недела и понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините со врнежи од снег. Во недела утринските температури од 0 до 8 степени, а дневните од 4 до 13 степени.

Во понеделник се очекува пад на температурите, па врнежи од снег понекаде ќе се спуштат и на 400 метри надморска висина.

Во вторник студено утро со утрински температури од -4 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури ќе се движат од 6 до 15 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот