X
 27.07.2018 Образование

Средношколецот Александар Иванов освои бронза на Олимпијадата по физика во Лисабон

Бронзен медал за Македонија освои средошколецот Александар Иванов од Свети Николе, ученик во приватна гимназија „Јахја Кемал“ од Бутел на 49. Меѓународна олимпијада по физика, која се одржува Лисабон.
- Честитки за ученикот – објави на својот профил на фејсбук Боце Митревски, еден од менторите на петмината ученици кои ја претставуваат Македонија на престижниот светски младински натпревар.

Покрај Александар, во Лисабон се натпреваруваа и Мартин Ристовски од Македонска Каменица и Трајче Бојаџиев од Неготино, ученици во „Јахја Кемал“ во Бутел, Иван Јовановски од Скопје, од истоимената гимназија во Карпош и Војо Митревски, средношколец во „Цар Самоил“ во Ресен. Нашите претставници беа избрани на Македонската олимпијада по физика која ја организира Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ). Покрај Митревски, претседател на ДФРМ, ментор беше и д-р Ламбе Барандовски, претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ, обајцата доценти на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.


Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование