X
 27.08.2019 Живот

Овие површини во домот се повалкани од веце-школката

Иако веднаш би помислиле дека бањата е едно од највалканите места во домот, некои други површини се многу поопасни.

Сунѓери - Некои истражувања покажаа дека на сунѓерите има многу повеќе колонии бактерии отколку, на пример, на веце-школката. И сунѓерите треба да се чистат иако кратко ги користиме. За тоа кратко време на сунѓерите се населуваат многу бактерии и потребно е секојдневно да се чистат. Ставајте ги во машината за садови и во микробрановата за да се извлече влагата од средината на сунѓерот и да се елиминираат бактериите.

Мијалникот - Мијалникот исто така е на листата со највалкани површини бидејќи во него често има отпадоци од храна кои остануваат при готвење, но и пестициди и бактерии. Во мијалникот ги миеме и валканите садови, па затоа не е чудно што во дури 45 отсто од тестираните мијалници се пронајдени колиформни бактерии кои нормално живеат во дебелото црево на човекот и топлокрвните животни.

Држачот на четката за заби
- По миењето на забите треба добро да се измие четкичката. Но, колку и да се трудиме, секогаш од неа ќе капе на држачот на кој ја оставате. Ако имате фамилијарен држач, со две или повеќе места за четкички, опасноста од бактерии е поголема.

Садовите за храна за милениците - Тие се вистинско легло за бактерии и тоа може да му наштети на здравјето на вашиот миленик и затоа треба редовно да ги миете.

Апаратот за кафе - Речиси половина од тестираните апарати за кафе содржат бактерии и мувла. Најчесто причината лежи во тоа што остатокот од апаратот не се чисти толку често и темелно како садовите кои се составен дел од апаратот. Треба барем еднаш неделно да го разглобите апаратот колку што може и сите делови да се исчистат со јаболков оцет и да се пребришат со хартиен бришач за ако некаде останала некоја бактерија, да не се размачкува понатаму.

Штици за сечење - Свежиот зеленчук, месото, рибата, лебот,.. Сето тоа е добра подлога за населување на бактерии на тие површини. Истражувачите откриле дека 18 отсто од испитаните штици за сечење на површината имале колиформни бактерии.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот