Eсента станува новата омилена сезона за патувања во Европа. Сè повеќе туристи се откажуваат од идејата за летен одмор бидејќи не ги сакаат високите температури и големите метежи.
- Беше жешко, насекаде имаше луѓе, барав сенка, постојано барав каде да купам вода. Влезниците за главните знаменитости беа распродадени. Не можев да набавам билети за Ајфеловата кула, беа распродадени две недели однапред - ја опиша својата летна авантура во Париз Американецот Џејсон Стивенс, извршен директор на луксузната туристичка агенција „Вејфериер“.
Стивенс вели дека целосно ги разбира своите клиенти кои сè почесто ја избираат есента за главниот годишен одмор.
- Ова беше растечки тренд уште во 2024 година, а сега станува уште поизразен. Резервациите во последен момент се почести отколку минатата година. Сега работиме целата година - вели тој. Популарноста на есенските патувања расте, делумно затоа што Европа се загрева побрзо од сите други континенти.
Во многу европски држави се забележува пад на бројот на туристи во лето во споредба со претходните години, додека бројот на посетители во текот на есенските месеци расте. Андреа Џиролами, основач и претседател на синџирот „Еј-џи хотелс“, кој има шест хотели во Рим, вели дека мај и јуни некогаш биле врв на сезоната, но годинава бројот на туристи се намали. Слична е ситуацијата и во Венеција.
Од друга страна, есенските месеци станаа вистински магнет за туристите.
Растечката популарност на есенските патувања нуди одлична можност за туристичкиот сектор - да се премине границата на традиционалната летна сезона. На овој начин може да се намали метежот, да се продолжи туристичката сезона и порамномерно да се распореди бројот на посетители низ годината.
Извор:
n1.info.hr
Фото: Freepik