Руското летало „Сојуз МС-14“ со хуманоидниот робот Федор денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица.
Директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, изјави дека Федор ќе се врати на Земјата како што е планирано, на 7 септември.
- Има доволно време за извршување на планираните тестови и за враќање на Земјата на 7 септември - наведе Рогозин.
Роботот Федор е произведен во соработка со „Андроид техник“ и руската Фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Извор: МИА