X
 11.01.2021 Наука

Астронаут тајно однел кремирани човечки останки на Меѓународната вселенска станица

Вселенски турист кој поминал 12 дена во Меѓународната вселенска станица со себе донел нешто необично - кремирани останки од починатиот Џејмс Духан, познат по улогата на Монтгомери Скот во серијата „Ѕвездени патеки“.

Како што пренесува „Тајмс оф Лондон“, Ричард Гериот, кој бил еден од првите астронаути-туристи што патувале до Меѓународната вселенска станица во 2008 година, тајно ја однел пепелта во вселената и ја скрил во дел од станицата, каде што стои до денес.

Гериот открил за весникот дека семејството на Духан било среќно што останките стигнале до Меѓународната вселенска станица, но сите биле разочарани зашто не можеле да зборуваат за тоа во јавноста.

Интересно, Гериот не е единствената личност што се обидела да ги однесе останките на Духан во вселената. „Верџ“ извести дека во 2008 година имало неуспешна мисија на ракета на „Спејс-Екс“ во која требало да се однесе дел од пепелта во вселената, а во 2012 бил испратена урна со друг дел од остатнките што стигнала во вселената.


Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука