Американскиот мултимилијардер Илон Маск повика на итно отстранување на Меѓународната вселенска станица од орбитата.
- Време е да почнеме со подготовки за деорбитирање на Меѓународната вселенска станица. Таа си го направи своето, нејзината корист е минимална. Ајде да одиме на Марс - напиша Маск на неговиот твитер-профил.
Во друга објава, Маск предложи временски рамки.
- Одлуката е на претседателот, но мојот совет е да го направиме тоа што е можно побрзо. Советувам тоа да се случи за две години.
Да потсетиме, НАСА уште во јуни минатата година објави дека ја избрала компанијата на Маск, „Спејс екс“, за изградба на вселенско летало што ќе ја пренесе Меѓународната вселенска станица низ Земјината атмосфера до своето последно одредиште во Тихиот Океан.
Според актуелниот план, Меѓународната вселенска станица треба да престане со работа во 2030 година. Врз основа на претходни искуства со станици како што се „Мир“ и „Скајлаб“, НАСА проценува дека Меѓународната вселенска станица ќе се распадне во три фази. Прво ќе се одвојат масивните соларни панели и уредите за ладење на орбитралниот лабораториум, потоа ќе се одвојат поединечни модули од носачот и на крај - ќе се распаднат структурата на станицата и самостојните модули.
Иако делови од станицата ќе се распаднат целосно при влегувањето во атмосферата, најголемите делови ќе преживеат. НАСА планира овие преостанати делови да завршат во областа на Тихиот Океан позната како „Точка немо“, кое е едно од најоддалечените места на светот. Исто така, „Точка немо“ е познато како гробишта на сателити и вселенски летала.
Извор:
Avaz.ba
Фото:
Wikipedia