Важно е да има зелени површини во урбаните региони. Тие се место за релаксирање, вежбање и социјализирање, но и носат див свет во градот, а и помагаат во борбата против глобалното загревање. Дрвјата може да ја намалат температурата во градот во текот на топлите периоди.
Според податоци од Европската агенција за околина (ЕЕА), дрвјата покриваат просечно 30 отсто од земјата во 38 европски главни градови, кога се гледа од птичја перспектива.
Осло има најмногу зелени површини - 72 отсто од вкупната површина. Следуваат Берн со 53 отсто и Љубљана со 50 отсто.
Ова се некои главни градови во Европа според процентот на покриеност со зелена површина.
1. Осло - 72 отсто
2. Берн - 53 отсто
3. Љубљана - 50 отсто
4. Берлин - 44 отсто
5. Мадрид - 39 отсто
6. Брисел - 37 отсто
7. Виена - 34 отсто
8. Рим - 24 отсто
9. Париз - 20 отсто
10. Атина - 11 отсто
11. Никозија - 4 отсто
Извор:
World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay