Лондон е прогласен за најдобар град во светот за стекнување образование во 2024 година според истражување од веб-страницата „Мастерс дигри“. Во анализата биле земени предвид повеќе фактори како квалитетот на живот, познавање јазик, безбедност, месечен буџет, можности за стипендии и стапка на вработеност.
По Лондон следуваат Виена, Мелбурн, Минхен и Париз на листата со најдобри пет града за студентите.
Лондон е посакувана дестинација за странските студенти поради повеќе причини, како пријателската и безбедна околина, квалитетот на живот и можностите за вработување. Просечниот месечен буџет на студентите во Лондон е околу 1.700 евра, а на студентите им се нудат и многу стипендии.
Според официјалните податоци, во академската 2021/22 година имало 679.970 странски студенти во Обединетото Кралство. Според податоците, еден од три странски студенти во државата живеел во Лондон во 2021.
Најдобрите 10 града во светот за студентите во 2024
1. Лондон, Обединето Кралство
2. Виена, Австрија
3. Мелбурн, Австралија
4. Минхен, Германија
5. Париз, Франција
6. Монтреал, Канада
7. Сиднеј, Австралија
8. Торонто, Канада
9. Цирих, Швајцарија
10. Амстердам, Холандија
Извор:
Erudera
Насловна фотографија: Pixabay