Навистина ме загрижува однесувањето на син ми, кој има 2,5 години. Отсекогаш го воспитувам со љубов и внимание и постојано разговарам со него како со возрасен, на начин за секоја ситуација да ја разбере. Но тој одвреме-навреме има некои изливи на инает, па плаче бесконечно за да добие нешто што можеби е бесмислено во моментот, но нему му се завртело во глава. На пример, ако сме некаде отидени, бара да оди дома да спие и ќе плаче можеби 2 часа без престан, ќе вика и ќе се дере сè додека не го постигне тоа. Сум се обидела со игнорирање, со тивок разговор, со карање и ништо не успева сè додека не се исцрпи целосно за да заспие. Не знам како да реагирам на следниот тантрум ако е тоа ова што го опишувам. Многу е паметен и е послушно дете во најголемиот дел од времето, но во некој момент кога ќе дојде ова целосно лудило, не го препознавам и не знам како да се справам.
Прашањето на читателката, на
Деца.мк го одговара психологот Јана Зенговска.
Одговорот прочитајте го на овој
ЛИНК.
Јана Зенговска