Кога станува збор за парите секој родител ги чува подалеку од своите деца, со цел да ги научи дека треба да се биде одговорен кон нив затоа што тешко се заработуваат. Ако ги чувате парите дома, осигурајте се дека не се на дофат на децата, затоа што може да се изненадите непријатно.
Фото извор: Asia Wire
Еден Кинез доживеал шок кога се вратил дома од градот и во својата соба пронашол искинати 50.000 јуани. Неговиот 5-годишен син ја пронашол заштедата и се внесил во играта до толку да направи огромна штета.
Кинезот ја замолил банката да му ги замени парите, но бил одбиен со напомена дека ако сака замена ќе мора да си залепи.
Фото извор: Asia Wire
Последните три дена ги минал во обиди да ги спои
парите и сепак, на крај рекол дека не го обвинува својот син затоа што е сѐ уште дете.