X
 09.03.2016 Образование

Како да ги научите децата да бидат среќни?

Родителите се трудат своите деца да ги научат на многу работи, трудејќи се притоа да им обезбедат неопходни средства за да ги научат полесни сите тие работи. Секој родител сака неговото дете да биде амбициозно, образувано, успешно... Дали, во меѓувреме, го забораваме најбитното: да биде среќно?


Еднаш, еден стар мудрец одел по пат и ја набљудувал природата и уживал во силните пролетни бои. Одеднаш, видел маж кој на грбот носел тежок товар. Му се видело дека под товарот му се тресат нозете.

- Зошто сам себе се осудуваш на така тешка работа и страдање? - прашал старецот.

- Се мачам за моите деца и внуци да бидат среќни - одговорил несреќникот. - Мојот прадедо себеси се осудил на тежок живот и работа за доброто на мојот дедо, дедото за доброто на мојот татко, татко ми за мене, а јас ќе се помачам за среќата на своите деца.

- Дали некој во вашето семејство бил среќен? - прашал старецот.

- Досега не, но сметам дека моите деца и внуци ќе бидат среќни! - рекол мажот.

- За жал, неписмениот човек не може да научи да чита, како што кртот не може да чува орел! - рекол мудрецот. - Прво мора да научиш ти сам да бидеш среќен, а дури потоа ќе можеш да ги научиш и своите деца на тоа. Тоа ќе им биде најдрагоцен подарок од тебе!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование