Марсела Џулија Пејс ја фотографирала Месечината во 48 нијанси и ги распоредила во прекрасна спирална шема.
- Собрав неколку од моите снимки од полна Месечина направени во текот на изминатите 10 години. Ги избрав нијансите со боја - вели таа.
Атмосферата му дава различни бои на нашиот сателит врз основа на неговата висина во однос на хоризонтот, присуството на влажност и суспендираната прашина.
Извор:
Kotkke.org
Фото: Marcella Giulia Pace