X
 28.06.2018 Наука

Јапонскиот „сокол“ истражува како настанал Сончевиот Систем

Јапонското вселенско летало „Хајабус 2“ во средата, по четиригодишно патување, пристигна на својата нова локација - астероидот Рaјгу.

Леталото се позиционирало на околу 20 километри од астероидот, кој се наоѓа на 300 милиони километри од Земјата, за да објави детални набљудувања и пронашло место за слетување на мала сонда што ја развиле Германија и Франција. Сондата е испратена за да собере примероци од земјата.

Се претпоставува дека астероидот со дијаметар од околу еден километар содржи органска материја, а научниците се надеваат дека испитувањата на примероците од земјата на Рајгу ќе дадат одговори на отворените прашања за појавата и развојот на Сончевиот Систем.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука