X
 26.11.2017 Наука

Еволуцијата се случува - и тоа токму пред нашите очи!

„Не е најсилниот вид оној што ќе преживее, ниту оној кој е најинтелигентен туку оној што најдобро се адаптира на промени“ - ова се зборовите на Чарлс Дарвин, таткото на теоријата на еволуцијата.

Ако денес беше жив, сигурно ќе беше зачуден од напредокот на еден вид на птица што еволуирала толку брзо што може да се проследи во реално време. Птиците за кои станува збор се галапагоски чинки, што живеат на архипелагот Галапагос во Тихиот Океан.

На островот постојат неколку различни видови птици, но неодамна е забележан нов вид на островот Дафне Мајор. Наводни има 30 птици во својот контингент. Ова било откриено благодарение на истражувањата спроведени во текот на изминатите четири децении од Питер и Розмари Грант од Универзитетот Принстон.

„Новината во ова истражување е дека можеме да следиме појавување на нови видови во дивината. Преку нашата работа на Дафне Мајор, бевме во можност да го набљудуваме парењето на две птици од различни видови, а потоа имавме можност да следиме како се случила специјацијата“, велат тие.

За првпат забележале нова машка птица во 1981 година, но на почетокот не биле убедени дека станува збор за нов вид и покрај тоа што забележале дека птицата е поголема од останатите мажјаци на островот и има различен клун.

Се претпоставува дека птицата Geospiza conirostris летaла 100 километри од островот Еспанола. Кога не можела да се врати дома, избрала женка на островот за парење и со тоа се создал нов вид.

„Не видовме како лета, меѓутоа го забележавме кратко време по пристигнувањето. Беше различен од другите птици“, вели Питер.

Во само две генерации, птиците сега имаат своја сопствена популација, нешто што Грант мислеше дека е многу малку веројатно.

Истражувањето за видот сега е објавено преку „Еурека Алерт“, а според професорот Леиф Андерсон од Универзитетот во Упсала, Дарвин би сакал да го прочита ова откритие.

„Немаме индикации за долгорочниот опстанок на лозата на оваа птица, но постои потенцијал да стане успешно и претставува прекрасен пример за еден начин на кој се појавува специфичноста. Дарвин би бил возбуден ако би го прочитал овој труд“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука