Не се лековите, не е вежбањето, не е дури ни насмевката. Можеби ќе ве изненади што најмногу помага кога сме под стрес.
Сакате да ја дознаете тајната на животот без тензични главоболки и нервозно мрдање со ногата? Наместо насмевката, добра шолја кафе и слични совети, еден јапонски научник тврди дека најдобро би било добро да се исплачете.
-Чинот на плачење е многу поефикасен во ослободувањето од стресот отколку смеењето или спиењето - вели Худефими Јошида.
Слушањето тажна музика, гледањето такви филмови и читањето книги со слична содржина донесуваат значителни подобрувања на менталното здравје, стимлуирајќи ја парасимпатичката нервна активност, што го забавува пулост, и има смирувачки ефект врз нашиот ум.
-Ако се исплачете еднаш неделно, може да живеете без стрес - вели Јошида.
Јошида претходно бил професор во средно училиште, но уште во 2014 година со професорот Хидехо Арита од Медицинскиот факултет при Тохо универзитетот во Токио, се посветиле на проучување на стресот и одлучиле да започнат работилница на која на луѓето ќе им ги објаснуваат сите предности на плачењето.
Тие не се први што се занимавале со оваа тема. Во 1981 година, д-р Вилијам Фреј од Универзитетот во Минесота во едно истражување открил дека
плачењето ослободува ендорфини, што постепено ни го подобруваат расположението, додека истражување од 2008 година во кое учествувале повеќе од 3.000 луѓе покажало дека во тешки ситуации се чувствуваме многу подобро кога добро ќе се исплачеме.