X
 05.01.2018 Живот

Успехот во училиштето не е гаранција за успех во животот!


Девојче пишува со боици
(Фото: Pixabay)


Книговодителот и финансиски планер Том Корли ги истражувал високите плати кај поединци. Многу од нив се милионери кои богатството го стекнале сами, што значи дека парите не им се наследени. Врз основа на анкети, Том дошол до резултати дека само 21 отсто од милионерите што самостојно станале тоа што се биле одлични студенти, 41 отсто биле многу добри, а 29 – добри. Дури и помошниците и послугата на милионерите имале просек како и нивните газди.

Ако се прашувате дали семејното потекло игра улога, еве го одговорот: 59 отсто од самореализираните милионери потекнуваат од домаќинства што биле од средна класа, а 41 отсто од сиромашни семејства. Ова докажува дека не е нужно да завршите онаму од каде што сте тргнале.

Корли ќе напише:

„...успехот во животот не доаѓа лесно, туку е преполн со замки, препреки, неуспеси и грешки. Успехот бара упорност, ментална и емоционална жилавост во надминувањето на овие замки. Мора да станете цврсти и да се навикнете на борба ако се надевате на успех. Луѓето што се борат академски можат многу повеќе да се навикнат на секојдневна борба за да ги надминат замките“.

Накратко, замките стануваат ментално тешки, но на тој начин се создава основа за долгорочен успех.

На пример, успешните луѓе се одлични во одложувањето на задоволствата. Успешните луѓе се одлични во издржувањето пред искушенијата. Тие сјајно го надминуваат стравот со цел да го постигнат тоа што треба. (Се разбира дека тоа не значи дека не се плашат од ништо – тоа значи дека се храбри, а тоа е огромна разлика.) Успешните луѓе не само што имаат приоритети туку секогаш продолжуваат да го прават она што ќе одлучат дека е важно.

Сите тие својства бараат ментална сила и жилавост, така што не е случајно тие да се некои од карактеристиките на успешните луѓе.

Според тоа, ако не сте имале одлични оценки во училиште, тоа е во ред. Минатото не ве дефинира, тоа е само тренинг. Размислете што не сте направиле добро, за грешките што сте ги направиле, така ќе се уверите дека следниот пат ќе знаете што е потребно да направите за сè да биде онака како што сте замислиле – без грешка.

Имајте на ум дека успешните луѓе се доживотни ученици!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот