X
 27.10.2018 Живот

Ирска донесе нов закон: Кој вози пијан, ја губи возачката на лице место

Ирска донесе нова закон за возење во пијана состојба, што веднаш ќе стапи на сила. Според законот, секој што полицијата ќе го фати со недозволена количина на алкохол во крвта, ќе ја изгуби возачката на лице место.

Законот веќе стапи во сила синоќа на полноќ, а беше најавен од министерот за сообраќај, Шејн Рос.

Сите пијани возачи веднаш ќе ја изгубат возачката дозвола на период од три месеци. Исфрлањето на пијаните возачи од сообраќајот ќе се случи на лице место, веднаш штом полицијата утврди недозволена количина на алкохол во крвта.

Досега Ирска имаше систем на казнени поени, но поради големиот број несреќи предизвикани од возачите, земјата се одлучи за построг закон.

-Неодговорно е и опасно во секојдневниот живот луѓето да пијат, а потоа да седнат зад воланот. Целосно е погрешно овие луѓе да бидат казнети со благи казни и да добијат казнени поени, па затоа во иднина луѓето кои ќе се однесуваат на ваков начин, автоматски ќе бидат исфрлени од сообраќајот на период од три месеци - изјави Рос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот