X
 27.11.2016 Живот

Чудни статии од „Википедија“ кои ќе ви го променат погледот кон светот

Интересни статии кои ќе го привлечат вашето внимание.

1. Листа на иновации кои ги убиле оние кои ги создале

Листата е неверојатно долга и интеребогсна за сите оние кои се заинтересирани за морбидни факти. Ќе ја научите трагичната приказна на Франц Реихеит, кројач кој починал паѓајќи од Ајфеловата кула додека ја тестирал неговата иновација наречена „падобран од палто“. Или пак ќе прочитате за Џејмс „Џими“ Хеселден кој бил директор на „Segway“ компанијата и кој починал паѓајќи од карпа додека го возел неговиот „Segway“.

2. Космичко лате - бојата на универзумот

Светлината од над 200.000 галаксии беше анализирана од тим на астрономи од Универзитетот Џон Хопкинс. Тие заклучиле дека просечната боја на светлината емитирана од ѕвездите во универзумот е бледо крем. „The Washington Post“ ги покани читателите да предложат имиња, а „космичко лате“ победи во изборот.

3. Костурницата во Седлек - Црквата на коските

Ова е малечка римокатоличка капела, која се наоѓа во Седлек, близу преградието на Кутна Хора во Чешка.

Оваа црква содржи од 40.000 до 70.000 скелети чии коски биле употребени за уметничко декорирање на црквата.

4. Листа на необјаснети звуци

„Upsweep“, „Train“, „Julia“, „Slowdown“, „Bloop“ - ова се имињата на непознатите звуци кои ќе ја развијат вашата имагинација. Неверојатната листа на шесте необјаснети звуци вклучува и графикони од нивните звучни бранови и снимки од истите.

5. Времеплов на далечната иднина

Оваа Википедиа статија раскажува за иднината на нашата планета постулирана од науката. На пример: за 10.000 години нивоата на морињата ќе се зголеми за 3 до 4 метри. Или, за 50.000 години поради ерозија, останатите 20 милји до езерото Ери ќе биде поткопано, така што повеќе нема да постојат Нијагарините водопади.

А 250 милиони години од сега, сите континенти на Земјат може да се стопат во еден суперконтинент кој би се викал „Амасиа“, „Новопанагеа“ или „Панагеа Ултима“.

6. Петричор - мирисот на дождот

Го знаете оној мирис - мирисот а време на топол ден, кога одеднаш ќе заврне. Овој мирис има име - „Петричор“ кое го доби од двајцата научници во 1964 година. Името доаѓа од грчките зборови за камен, петра и течноста која тече во вените на боговите, ичор.

Научниците Изабел Џој Бер и Ричард Г.Томас откриле дека миризбата доаѓа од масло кое го секретираат растенијата за време на сушниот период што го инхибира семето и растот на растенијата.

7. Китот 52 херци

Познат како „најосамениот кит во светот“, овој кит е мистериозно голем и никогаш виден, меѓутоа бил идентификуван по својот чуден повик. Неговиот глас има многу повисока фреквенција (52 херци) од китовите со слична шема на повик како што се сините китови (10-39 херци) и перка китовите (20 херци). Китот бил за прв пат слушнат во 1980-тите, пливајќи во Тихиот Океан помеѓу Кодиак Островите и Калифорнија.

Научниците и ден денес не можат да го идентификуваат видов. Претпоставуваат дека станува збор за хибрид од два различни китови или пак може да е резултат на генетска мутација, а не ја исклучиле можноста дека можеби е глув.

8. Канализацијата во Келн: Салата Свеќарник

Во канализацијата во Келн се наоѓа просторијата наречена „Сала Свеќарник“ која била отворена во 1890 година со цел да го импресира прускиот цар Вилхелм II, иако за жал тој не присуствувал на церемонијата на отворање.

9. Синдром Париз

Овој синдром е минливо искуство кое влијае врз туристите во Париз кои сметаат дека овој град не ги исполнил нивните очекувања.

Симптомите вклучуваат вртоглавица, потење, тахикардија, халуцинации и интензивни чувства на параноја.

10. Стендал синдром

Ова е сличен на парискиот синдром, но Стендал синдромот - кој бил наречен по францускиот автор Стендал, е поголема психолошка реакција кога човек ќе види нешто многу убаво.

Посетителите на галеријата Уфици во Фиренца се особено подложни на срцеви палпитации, вртоглавица па дури и губење на свест, откако конечно ќе се соочат со прекрасните слики кои ги сакале цел живот.

11. Бомби од лилјаци

Овие луди видови на бомби навистина постоеле - биле експериментално оружје развиено од Америка со цел да ја нападне Јапонија во Втората светска војна.

Стотици лилјаци биле ставени во еден предмет во вид на бомба, а во секој од лилјаците имало мал запалив дел, така што кога лилјаците летале близу куќите, нивнит мали бомби експлодирале опожарувајќи ги дрвените јапонски градови.

12. Листа на отровни растенија

За секој со морбидна љубопитност, оваа страна е одлична за нив. Дознајте ги најгрозните начини на кои човек може да умре, како на пример ужасни грчеви во мускулите.

Семето предизвикува чувство на печење во устата и грлото, болки во стомакот и крвава дијареа, проследено со тешка дехидрација, пад на крвниот притисок и смрт во рок од 3 до 5 дена.

13. Колонија Дигнидад

Колонија Дигнидад бил духовен камп основан од страна на германска христијанска секта во Чиле во 1956 година. Колонијата бил опкружена со ограда од бодликава жица, а имало и кула и рефлектори. Подоцна било откриено дека всушност била тајно скривалиште за оружје.

Еден од основачите бил Пол Шефер. Со текот на годините тој ги малтретирал и измачувал неговите следбеници, а некои од нив дури биле и убиени. Во 2000-тите Шефер, кој бил во бегство, бил фатен и изведен пред суд. Бил осуден на 20 години затвор, но починал во 2010 година на 88 годишна возраст.

Колонијата била затворена во 1991 година и била преименувана. Денес кампот се вика Вила Бавиера и може да се посети.

14. Телефонскиот број 555

Ако внимателно сте ги гледале филмовите, тогаш сигурно сте забележале дека секој фиктивен телефонски број започнува со 555. Во Америка, единствениот вистински телефонски број кој започнува на 555 бил наменет за услуги и помош. Другите биле измислени.

Во филмовите се користи 555 за да се избегне она што се случило после премиерата на „Bruce Almighty“, во кој бројот на Бог започнувал со 777, па така некоја личност добила илјадници телефонски повици.

15. Прометеј - најстарата позната клонална колонија на Земјата

Прометеј е најстарата позната клонална колонија која се наоѓа во Невада, Америка и има 4.862 години. Во 1964 година дрвото било сечено од студент заедно со шумската служба за истражувачки цели.

Дрвото било сечено бидејќи никој не знаел колку е старо. Откриле дури кога го исекле.

16. Припјат

Припјат е град на духови во северна Украина близу Чернобил. Во овој град живееле 50.000 жители пред да биде евакуиран на 27 април 1986 година - еден ден после катастрофата во Чернобил.

17. Трипофобија

Ако се плашите од неправилни и мали дупки и испакнатини, тогаш веројатно имате трипофобија.

Во 2013 годин, невролозите откриваат дека реакцијата е основана врз одговорот на мозокот кој ги поврзува формите со опасност. Формите кои предизвикуваат реакција се кластерски дупки или едноставни контексти како овошје и меурчиња.

18. Листа на чести заблуди

Оваа епска страна корегира голем број на „факти“ во кои многу луѓе веруваат, а всушност се глупост. На пример, тоа што Наполеон Бонапарта не бил низок, или дека Кинескиот ѕид не е видлив од вселената.

19. Пангеа

Пангеа бил последниот глобален суперконтинент. Постоел за време на доцната палеозојска и раната мезозојска епоха. Преку поместување на тектонските плочи, суперконтинентот во текот на милион години започнал да се растура во помали континенти. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот