Постои голем број на навистина интригантни делови од светот кои за жал не би можеле да ги видиме. Причините за тоа се бројни, но добро е што барем можеме да дознаеме за нив и да видиме како изгледаат преку фотографии.
Центар за светски катастрофи – Вирџинија
фото извор: panoramio.com
„Mount Weather“ е засолниште на американската влада. Местото е наменето за вонредни ситуации или катастрофи. Се наоѓа во планински дел во Вирџинија и е под заштита. Постојат одредени правила за луѓето кои се наоѓаат во Центарот, а на странци и љубопитни луѓе пристапот не им е дозволен.
Засолниште во случај на катастрофи – Норвешка
фото извор: pinterest.com
Во норвешките планини постои засолниште кое е длабоко 120 метри. Местото не е погодно за живот бидејќи има постојана температура од околу -18 степени. Во случај на климатска катастрофа, само „одбраните“ кои се блиску може да се спасат.
Вале до Хавари, Бразил
фото извор: dailymail.com
Во амазонските џунгли постојат племиња кои се потполно отсечени од светот и кои немаат поим за цивилизацијата. На оваа локација има околу 14 племиња кои не знаат за остатокот од светот. За да ја зачуваат сопствената оаза властите во Бразил забраниле пристап до ова место.
Клуб 33, Њу Орлеанс
фото извор: elitereaders.com
Во 1967 година, Волт Дизни основал клуб за познати инвеститори, славни личности и политичари. Ако сакате да влезете во клубот ќе мора да чекате во просек 14 години, а почетната сума за влез е 10 илјади евра по лице.
Чудесниот остров Ес Ведра
фото извор: ibiza-spotlight.com
Ова е место во Шпанија и е третото место на листата на најсилни геомагнетски сили на светот. На ова мало парче земја не функционира никаква технологија. Постојат различни приказни за овој мистериозен остров.