X
 11.12.2018 Живот

Поради овие мапи, различно ќе го гледате светот

Иако многу луѓе копнеат по далечни земји како Кина, Русија и САД, следните истражувања покажуваат дека европските земји во многу сегменти се во предност споредено со светските велесили.

Кога размислувате за патување во некоја земја, која е најчестата причина поради која го избирате баш тоа место како ваша туристичка дестинација? Дали тоа се добрите луѓе, ноќниот живот, добриот шопинг или знаменитостите? Кога некој ќе ви ја спомене картата на светот, прво помислувате на географската, но овие мапи ви донесуваат малку различен поглед на останатиот дел од светот, па можеби врз нивна основа ќе го испланирате вашето следно патување.

Земји во кои луѓето се најсреќни

1
Фото: 24ContentHaus


Според Извештајот за светска среќа за 2018 година, Финска ѝ го зеде првото место на Норвешка кога станува збор за најсреќните луѓе во светот. Според извештајот, на листата се наоѓаат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и на крај Австралија. Она што е заедничко за сите земји е дека се природно убави, со добра инфраструктура, силна финансиска моќ и добар образовен систем.

Зависниците од патувања доаѓаат од овие земји

patuvanje
Фото: 24ContentHaus

Првото место на листата го зазеде Финска, а потоа следуваат САД, Шведска, Данска, Норвешка, Кина (поточно Хонг Конг), Нов Зеланд, Канада, Австралија и Холандија. Она што изненадува е фактот дека просечниот Финец патува повеќе од 7 пати во текот на годината, додека еден жител на Франција патува нешто повеќе од 3 пати годишно.  

Најголемите спанковци

3
Фото: 24ContentHaus


Иако истражувачите не можат да се одлучат дали на луѓето им се потребни седум или осум часа сон, истражувањето спроведено со помош на апликацијата „Ентреин“ покажува дека најмногу спијат Холанѓаните, а времето според кое се мерело спиењето се осум часа. Холанѓаните не само што спијат 8 часа дневно, туку и во просек спијат 5 минути и 22 секунди подолго. Зад Холандија се наоѓаат Нов Зеланд, Франција, Австрија и Белгија, земји кои во просек исто така спијат неколку минути подолго од потребното. На останатите пет места се најдоа Канада, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство и Италија, чии жители во просек спијат неколку минути пократко, но сепак повеќе од остатокот од земјите опфатени во истражувањето.

Најпосетена земја од страна на туристите

2
Фото: 24ContentHaus


За секој љубител на патувањата, Франција е една од земјите што мора да се најде на неговата листа. Иако многу сметаат дека е клише, но фотографијата пред Ајфеловата кула е една од најчестите и затоа Франција се најде на првото место на најпосетени земји според истражувањето на Светската туристичка организација. Зад неа се наоѓа земјата на соништата - САД, Шпанија и Кина, држава чија култура сите сакаат да ја доживеат. Останатите места им припаднаа на Велика Британија, Германија, Мексико, Тајланд и Малезија.

Земјата со најдобра храна е...

hrana
Фото: 24ContentHaus


Веб-страницата „Ранкер травел“ го поставила прашањето: „Која земја има најдобра храна?“ и доби неочекувани 268.000 гласа кои ги рангирале најдобрите куни низ светот. Така, на прво место се најде домот на пицата и тестенините - Италија, а веднаш зад неа Франција. По Франција е Индија, домот на зачините, а тука некаде се Шпанија и Јапонија. Шестото место го освои медитеранската кујна на Грција, додека по неа се најде Мексико. На осмото и деветтото место се Тајланд и Кина, а на десеттото место се најде Германија. Посетителите на оваа веб-страница веројатно ги немаат пробано балканските специјалитети бидејќи веруваме дека тогаш листата би изгледала различно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот