Сигурно не сте знаеле дека дивата коза, или букардо како што се нарекува во Шпанија, е првото и единственото животно во историјата што изумрело двапати. Станува збор за вид планинска коза која најмногу ја имало на Пиринеите, а се карактеризира со долги, големи, свиткани рогови.
Ова животно им било примарна цел на ловците. Во 1997 година го имало само во дивите предели, а до 2000 година веќе било изумрено. Пред смртта на преостанатите диви кози, едно животно од женски пол било зачувано од локалниот ветеринар Алберто Фернандез-Ариас. Решил да земе примероци од животното со цел да ја зачува нејзината ДНК. Откако успешно ги одвоил клетките, ги сместил во замрзнувач, а потоа ги анализирале француски и шпански научници кои се надевале дека ќе го воскреснат животното.
Започнале да ги вшприцуваат клетките во јајце-клетки од кози, па ги сместувале јајце-клетките во хибриди од шпански диви и домашни кози. Од 57 вшприцани ембриони, само 7 кози останале бремени. Од нив 6 имале спонтан абортус, но едно животно се породило во јули 2003 година.
Човештвото успеало да го надмине изумирањето и повторно да врати еден животински вид, барем за кратко. Како што објаснува Алберто, новата коза имала трагичен крај, односно страдала од респираторни проблеми. Козата починала за 10 минути.
Иако е тажна, оваа приказна е неверојатна. Сепак, по смртта на
животното научниците не продолжиле со повторни обиди за креирање ново животно.