X
 27.11.2019 Култура

Јас сум жена, Македонка, Европјанка. Моќен говор на Стругар-Митевска пред европските политичари

„Господ постои, името и е Петрунија“ денеска ја доби филмската награда „Лукс“, што ја доделува Европскиот парламент

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на денеска ја освои престижната европска филмска награда „Лукс“, што ја доделува Европскиот парламент. Гласна порака до европските политичари и европска јавност упати режисерката Теона Стругар-Митевска на примањето на наградата. Признанието и го врачи претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.



- Јас сум жена, Македонка, Европјанка. Иднината на Европа лежи во солидарноста и инклузијата, а не во исклучувањето – им порача таа на европските парламентарци, обраќајќи им се на англиски и на француски јазик.
Таа додаде:
- Желбата за правда Петрунија ја прави силна. Јас сум автор кој се интереесира за девијациите во општеството. Моја обврска е да го кренам гласот против неправдите. Како можеме да изградиме подобра иднина, ако не се осмелиме. Ви се обраќам од името на сите сите автори од сите агли на Европа, да ги обезбедите преавата на слобода на говор и изразување – пореча Теона.
На церемонијата присуствуваа и продуцентката Лабина Митевска и главната актерка Зорица Нушева.


Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура