IQ UP!, иновативната eдукативна франшиза за СТЕМ-едукација за деца која ги освојува срцата на младите умови низ Македонија, повторно им нуди можност на своите ученици да учествуваат на Интернационалната СТЕМ олимпијада. Учениците од сите 11 училишни центри на IQ UP! низ државата ќе имаат можност да се натпреваруваат со своите врсници од целиот свет на овој престижен натпревар.
Минатогодишниот успех на учениците од IQ UP! остави траен впечаток, а оваа година организацијата се подготвува уште посериозно.
- Минатата година нашите ученици не само што ги надминаа нашите очекувања, туку покажаа и дека со квалитетна едукација и посветеност, децата од Македонија можат да бидат рамо до рамо со најдобрите ученици од светот. Годинава сме уште поангажирани и целиме кон уште поголем успех - изјави Валентина Динова, коосновач на IQ UP!
Според неа, успехот на учениците не е случајност, туку резултат на уникатниот пристап на IQ UP! кон едукацијата, како и на страста и љубовта кон науката и технологијата, кои учениците ги стекнуваат преку IQ UP! едукацијата.
- Во IQ UP! се фокусираме на активното учење, рано поттикнување на љубопитноста и креативното размислување кај децата. Нашите програми ги подготвуваат учениците не само за вакви натпревари, туку и за вистинските предизвици во животот, со акцент на СТЕМ-едукацијата, практичните вештини и самодовербата - додава Динова.
IQ UP! е познат по својата иновативна методологија која ги комбинира науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) со програмирање и литература. Благодарение на оваа комбинација, учениците не само што стекнуваат знаења, туку и ја развиваат својата способност да размислуваат критички и да пронаоѓаат решенија за сложени проблеми и да ги разбираат научните концепти.
Олимпијадата, која ќе се одржи на 9 февруари 2025 година, ќе се одвива онлајн, а јазикот на натпреварувањето е англиски. Учениците ќе се натпреваруваат во различни категории кои вклучуваат решавање предизвици и демонстрирање на нивното знаење од областа на сите природни науки.
- Ова е повеќе од натпревар. Ова е можност за учениците да стекнат уникатно искуство, да почувствуваат како е да се биде дел од глобална заедница и да го покажат најдоброто од себе - вели Динова.
Со вакви иницијативи, IQ UP! уште еднаш покажува дека е лидер во модерното образование во Македонија.
За IQ UP!
IQ UP! едукативната франшиза е позната по својот иновативен пристап кон образованието, интегрирајќи СТЕМ-едукација (наука, технологија, инженерство и математика) со литература и програмирање во своите учебни програми. Единаесетте IQ UP! училишни центри низ државата нудат уникатно образовно искуство каде што децата учат преку уникатни едукативни активности, експерименти, истражувања, анализи, проекти, логички задачи и мозочни вежби, развивајќи не само академски вештини, туку и критичко размислување и решавање проблеми.
Информации за контакт:
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на
IQ UP! и следете ги нивните
социјални медиуми за најнови вести и информации.
(Комерцијална објава)