X
 27.12.2018 Живот

Чорапите се највредното нешто во рускиот затвор „Бутирка“

Озлогласениот затвор „Бутирка“ во Москва, Русија, наскоро ќе биде затворен, а поранешниот затвореник Александар вели дека никогаш нема да го заборави времето што го минал зад решетки.

Според него, во затворот највреден предмет биле чорапите.

- Ги распарувавме чорапите и потоа од нив правевме јажиња. Јажињата беа врска меѓу ќелиите. Другите чорапи ги врзувавме на јажињата и во нив стававме работи - раскажува Александар.

Тој бил во затвор 17 месеци поради финансиски криминал. Викал преку прозорец за да комуницира со фамилијата и пријателите пред затворот.

Затворот „Бутирка“ е изграден во 1771 година и е најстариот и најголем затвор во Москва. Во него биле многу познати луѓе, како Феликс Ѕержински, основачот на советската тајна полиција, Сергеј Королјев, водечкиот руски вселенски проектант, и Сергеј Магнитски, антикорупциски адвокат.

Затворот има проблем со пренатрупаност бидејќи во него има 2.000 луѓе што се во притвор, но и луѓе што служат повеќегодишни казни.

- Еден оддел се викаше Долина на крадците бидејќи таму служеа казна генералите од криминалниот свет. Лично се сретнав со тројца - вели Александар.



Тој додава дека затворските чувари може да се поткупат за да шверцуваат одредени работи.

- Мојот адвокат му даде пари некому. Кога затворскиот чувар ја раскопча својата униформа, видов осум мобилни телефони. Осум телефони! Навистина имаше осум телефони и неколку полначи - раскажува поранешниот затвореник.

Затворениците од „Бутирка“ ќе бидат преселени во рок од две години, а новиот затвор ќе биде изграден надвор од Москва.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот