X
 29.04.2018 Живот

Зошто руските космонаути носат оружје во вселената?

Кога некој ќе дознае дека руските космонаути задолжително летаат со оружје, првата реакција може да е смеење. Со какво оружје и против кого? Ласерски пиштол? Светлечки меч? Против агресивните вонземјани? Шала на страна, работата е сериозна, и руските космонаути и ден денес следат стара добра советска пракса.

Во реалноста, оружјето на космонаутите (пиштол со три цевки кој многу личи на скратена ловечка пушка) не служело за борба против вонземјени чудовишта, туку требало да го спаси животот на космонаутите по слетувањето на Земјата.

Во СССР не сакале да се посветува внимание на тоа, но советските космонаути, уште од времето на Јуриј Гагарин летале во вселената со оружје. На членовите на вселенскиот одред им припаѓал само пиштол „Макаров“ (ПМ), каков што имале и полицајците. Оружјето се издавало за во случај на вонредно приземјување поради заштита од диви животни и криминални елементи. И ретко кој помислувал да го замени „космичкиот“ ПМ, се до 1965 година, кога Алексеј Леонов и Павел Бељајев извршиле вонредно принудно атерирање во тајга.

Поради специфичноста на теренот, спасувачките тимови не можеле да допрат до космонаутите па тие морале да поминат неколку дена во тајгата. Космонаутите си изградиле засолниште, но почнале да доаѓаат мечки, кои само што се пробудиле од зимскиот сон и биле гладни и агресивни. Се што космонаутите можеле да направат е да пукаат во воздух, што предизвикувало љубопитност кај животните кои никогаш претходно не сретнале човек.

-Единствено што можевме да направиме со пиштолот беше да си пукаме во себе - со горка иронија се потсеќа Леонов.

Токму тој истапил со иницијатива за создавање на посебно оружје за преживување во случај на принудни слетувања.

Проектот се водел во три правци: револвер, полуавтоматска пушка со мазна цевка и пиштол со три цевки. Последниот се покажал како оптимален за решавање на поставените задачи: заштита од опасни ѕверови и криминални елементи, пронаоѓање на храна со лов и давање светлосни сигнали. Пиштолот бил надограден, а биле изработени и специјални куршуми. Новиот пиштол бил нарекуван „сон на ловокрадците“, но во официјалните документи бил означен како СОНАЗ, што значи преносно огнено оружје за вонредни случаи.


Официјално СОНАЗ бил ставен во вооружувањето во 1986 година. Истата година ТП-82 за првпат бил во веслената: со него биле вооружени советските космонаути во заедничката советско-францускиот екипаж.

ТП-82 добил многу необичен кундак – мачета. Одделно гледано, тоа била обична мачета за подготвување дрва, но на неа можело да се навлече цврста навлака, а потоа да се спои со пиштолот. На тој начин се добивала пушка. Со правите цевки можело да се ловат зајаци, птици и ситен дивеч, а со извитканата ирваси, диви свињи и други крупни животни.

Излегло дека на руски начин оружјето е сигурно. Kога за пиштолот слушнале овчарите, на космонаутите почнале да им нудат замена. Давале цело стадо овци за ТП-82, а еден овчар ја понудил дури и жена си. Ова оружје го сакале и пилотите, и геолозите, и истражувачите и ловците. Нешто подоцна се појавил негов клон.

ТП-92 се изработувал до крајот на осумдесеттите години од минатиот век. Според официјалната верзија, производството било запрено зашто биле направени доволен број единици оружје, а според неофицијалната информација, станувало збор за финансиски проблеми.

Не се знае дали ТП-82 или неговиот аналог сè уште спаѓаат во космичкиот арсенал, но во февруари 2008 година познатиот американски космички експерт, поранешен инженер на НАСА, Џејмс Оберг бараше од МВС да се тргне руското борбено оружје. Оберг изјави дека во тоа гледа опасност и смета дека на пиштолот не му е местото на орбитата каде луѓето мораат да работат во услови на голем стрес и психичка напнатост.

Руските експерти не се сложија со мислењето на инженерот на НАСА. Тие сметаат дека е потребно да има оружје на бродот, а тоа е проверено и докажано во практика.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот