Ако сте Австралиец и ги имате потребните вештини, би можеле да бидете еден од 150. лица избрани да доживеат едно од најретките искуства во животот и да живеете на Антарктикот наредната година.
Австралија управува со истражувачките станици Кејси, Дејвис и Мавсон на Антарктикот и островот Меквајр во Субантарктикот. Австралиската антарктичка дивизија бара луѓе кои ќе имаат низа улоги на овие станици за сезоната 2020-2021. Престојот ќе се движи од четири месеци во текот на летото до 15 месеци во текот на зимата.
Фото: Patrick James/Australian Antarctic Division
Покрај нивните основни улоги, кандидатите ќе бидат обучени за дополнителни улоги за поддршка на станицата, вклучувајќи и пребарување и спасување, пожарникарство и хируршка помош. Исто така, може да постојат можности за придонес во науката за Антарктикот, како и можност да се видат животни како пингвините во нивното природно живеалиште. Во текот на летото околу 100 луѓе работат во станицата, меѓутоа, во текот на зимата бројката се намалува на 20 луѓе, така што членовите во малата заедница се потпираат еден на друг за безбедност и одржување на станицата.
- Бараме луѓе со вештини да си ја завршат работата и кои ќе можат добро да се приспособат на животот во мала и изолирана заедница. На кандидатите прво ќе им се проценат нивните технички вештини и искуство, а потоа ќе поминат низ тестирања во нашите центри за селекција за да се осигураме дека одговараат за малата заедница на Антарктикот - вели менаџерот за човечки ресурси, Ендру Гармер.
На кандидатите ќе им биде платен дополнителен додаток покрај нивната плата, а ќе им биде обезбедено и облека, сместување и
храна.