X
 18.03.2016 Наука

Што наследуваме од таткото, а што од мајката?

Кога ќе се роди бебето, првата работа што луѓето се обидуваат е да откријат на кој личи бебето. Секое дете е уникатно и е резултат од милијарди можни комбинации, но експертите сепак велат дека можно е да се утврди кои наследни карактеристики доаѓаат од таткото, а кои од мајката.

Експертите за генетика открија кои карактеристики ги наследуваме од мајката, а кои од таткото, па така е утврдена урбаната легенда за наследување на косата по линија на мајката. Ако дедото на мажот, односно таткото на неговата мајка или неговиот вујко немаат коса, тогаш голема е веројатноста да нема и детето.

Од мајката се наследува и големината на палецот на ногата, а таткото во наследство ги остава големите уши. Децата од мајката наследуваат само еден X хромозом кој е богат со гените кои влијаат врз физичкиот изглед, додека Х хромозомот на таткото нема многу такви гени.

Поради тоа момчињата наликуваат на мајката, но тоа не значи дека девојчињата по правило личат на таткото. Имено, девојчињата добиваат по еден Х хромозом од двата родители па можат да личат и на едниот и на другиот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука