X
 28.03.2019 Живот

Индија собори сателит и стана четврта земја со ваква способност

Индија стана четвртата земја во светот што има способност да уништи сателит во орбитата со употреба на проектил.

Веста ја соопшти индискиот премиер Наренда Моди во обраќање до нацијата. Подвигот бил изведен со локално развиен антисателитски проектил, истакна Моди.

- Им честитам на сите научници од ДРДО - рече Моди, мислејќи на Организацијата за истражување и развој на одбраната.

Моди додаде дека единствените нации со ваква способност се САД, Русија и Кина. Според индискиот премиер, соборениот сателит летал во ниската Земјина орбита.

Наренда повтори дека моќта на Индија кога станува збор за вселената не е закана за други земји, туку има одбранбен карактер и е значајна за напредокот на земјата.

Обраќањето на премиерот беше среде кампањата пред изборите во Индија, што предизвика многу приговори околу соодветноста на потегот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот