X
 15.11.2023 Наука

Њу Делхи ќе го намалува смогот со вештачки предизвикан дожд

Индиски научници планираат вештачки да предизвикаат силен дожд во делови од Њу Делхи со надеж дека ќе го намалат смогот во градот.

Квалитетот на воздухот значително се намалува во главниот град на Индија секоја зима бидејќи студениот воздух ги заробува штетните материи од различни извори, вклучувајќи возила, индустрии, градежна прашина и согорување на земјоделски отпад.

Научниците се надеваат дека ќе има облаци над градот околу 20 ноември и се надеваат дека ќе бидат доволно големи за да предизвикаат голем дожд. Проектот, кој чини околу 120.000 долари за создавање дожд на 100 квадратни километри, вклучува прскање со мешавина од соли, вклучувајќи сребрен јод, во облаците. Методот се нарекува засејување на облаците.

Властите веќе ги затворија училиштата и ги забранија градежните активности за да го намалат загадувањето. Индексот за квалитет на воздухот во градот бил 506 минатата недела, што се смета за опасно. Според експертите, мал дожд може да ја влоши ситуацијата, па затоа е потребен голем дожд кој ќе ги измие штетните честитки.

Повеќе други земји користеле засејување на облаците за да создадат дожд за различни цели, како Мексико, САД, Кина, Индонезија и Малезија.

Извор: Reuters
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука