X
 21.03.2022 Образование

Зграда на индиски универзитет има зелен покрив што се спојува со површината

Последниот проект од архитектонското студио „Санџеј Пјури“ е зграда во која би сакале да ги слушате вашите предавања. Станува збор за зграда која е дизајнирана за Универзитетот „Престиж“ во индискиот град Индор.


Насловна фотографија: Sanjay Puri Architects

Најуникатниот дел од зградата е нејзиниот зелен покрив во облик на скалила кој се спојува со површината. Идејата е студентите и професорите да може да го користат покривот за релаксација или учење на отворено.


Насловна фотографија: Sanjay Puri Architects

Дизајнот ќе овозможи и минимална зависност од вештачко осветлување и користење климатизер, според дизајнерите. Зградата ќе има и природна вентилација, а во внатрешниот дел се предвидени отворени премини.


Насловна фотографија: Sanjay Puri Architects

Изградбата на зградата треба да биде завршена во јуни годинава.

Извор: My modern met
Насловна фотографија: Sanjay Puri Architects
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование