X
 28.04.2020 Образование

МОН: Лажна вест е дека учениците се враќаат во клупите на 18 мај

Лажна вест е дека учениците ќе продолжат со настава во училиштата на 18 мај, соопшти Министерството за образование и наука.

Соопштението следува откако на социјалните мрежи почна да кружи наводен документ од Владата, незаверен (без печат и потпис) дека е донесена уредба наставата во сите средни и основни училишта да продолжи на 18 мај 2020 година.


- МОН ја демантира информацијата за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во земјава продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година. Станува збор за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови - децидни се од МОН.

Министерството апелира да не се креираат и шират лажни вести бидејќи тоа не оди во прилог на заедничката заложба за справување со актуелната состојба и создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните во овој исклучително тежок период за сите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование