X
 14.12.2020 Образование

МОН: Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации отсега ќе се спроведува електронски

Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, меѓу другото, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните.

Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право.

По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство. За таа цел, изготвени се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постојните правните прописи, а воедно и ќе се врши електронско плаќање. Изработениот заднински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука.
Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование