X
 28.04.2021 Живот

Видео од членовите на потонатата подморница како пеат песна за збогум

Индонезиската морнарница објави видео од екипажот на неодамна потонатата подморница. Во видеото членовите на екипажот пеат по влегувањето во подморницата.

Видеото било снимено пред неколку недели. Членовите на екипажот пеат индонезиска песна чиј наслов се преведува „Ќе се видиме подоцна“.

Индонезиските власти минатата седмица потврдија дека подморницата што исчезна во близина на Бали била пронајдена на морското дно. Подморницата била искршена на три дела, а сите 53 члена на екипажот биле прогласени за мртви.



Подморницата учествувала во вежба за торпедо пред да исчезне, а причината за потонувањето останува непозната. Во видеото се гледа и командантот на подморницата, Хери Октавиан, меѓу другите членови собрани околу член што свири на гитара.

Видеото било снимено за збогување со командантот, кој требало да ја напушти позицијата.

Во тек е акција за вадење на телата. Подморницата била стара 40 години.

Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот