X
 03.02.2022 Живот

Севернокорејската национална телевизија објави чудно видео за здравјето на Ким Џонг-ун

Во новото пропагандно видео се чини дека Северна Кореја се осврнува на шпекулациите за нарушеното здравје на нивниот лидер Ким Џонг-ун.

Видеото вели дека Ким, кој на моменти исчезнувал од очите на јавноста и изгубил многу килограми, е „целосно исушен“. Видеото вклучува снимка од Ким како се мачи да слегува по скали, додека репортерот Колин Цвирко сподели видео на кое се гледа дека диктаторот куца.

Од севернокорејската телевизија не признаваат дека нивниот лидер има некакви здравствени проблеми, но велат дека проблемите се должат на неговата напорна работа.

Ким постојано се соочува со шпекулации за неговото лошо здравје, уште откако ја презеде власта во 2012 година, а многу пати бил забележан и како куца.

Новото видео беше објавено во време на ескалација на тензиите во регионот, откако Северна Кореја лансира серија проектили.

Извор: Huffpost.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот